Избери услуга

Кроење по мерка.

После оптимизација на кројната шема и добиената потврда од страна на клиентот, следува изработка на работен налог и негово закажување во планот за обработка, а клиентот се известува за рокот за планирано подигнување на обработените материјали. Оптимизираната кројна шема се испраќа директно на машината за кроење на која се планира обработката. Кроењето се врши на најсовремени машини од австриско производство – Schelling, додека со користење на дијамантски алати од реномирани производители се постигнува голема прецизност и квалитет на резот. И сето тоа со комплетна информатичка поддршка, како би се елиминирала можноста за грешка. Ви нудиме четири начини на правење на нарачка на кројната шема:

Online нарачка
Нарачка во салон
Нарачка на e-mail
Нарачка преку .xsl